Tри лица, меѓу кои и дете, се повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера во 18 часот во Радовиш.

Како што соопштија од МВР, на раскрсницата од булеварот „Александар Македонски“ со улицата „Чеде Филиповски Даме“, патничко моторно возило “лада“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(41) од Радовиш, излетало од коловозот и удрило во ѕид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатначката Н.Ј.(38) од Радовиш, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник-малолетник кои биле пренесени во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.