Возило „алфа ромео удри во ѕид пред бензинска пумпа на „Макпетрол“ на магистралата А3 на влезот во Делчево, јавува дописникот на МИА.

Увид на местото на несреќата врши екипа од сообраќајната полиција во Делчево. Оттаму информираат дека возилото удрило во дел од ѕид пред бензинската, а притоа зафатило и лимен банер кој стоел во близина на местото.

Од полицијата додадоа дека настанот се случил околу 18:15 часот, а дополнителни информации за причината за несреќата најавија во текот на вечерта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.