Возило на ЕМС се превртело рано утрото на 30 април во атарот на Село Рамне општина Охрид, на патот за место викано Поник, кон правец на место викано Летница, близу малата хидроелектрана Рамниште. Фирмата „ЕМС“ од Скопје, која стопанисува со хидроцентралите на Летничките и Беличките Извори, по пат на јавно приватно партнерство со МЈП „Проаква“ Охрид, а е во сопственост на Кочо Анѓушев.

Теренското возило, марка „Мицибуши“ кое се движело кон Хидроцентралата „Рамниште“ изгубило контрола и се превртело.

Настанот е забележан од страна на на НП Галичица, но она што изненадува е фактот дека истиот настан фирмата „ЕМС“ од Скопје од Скопје воопшто не го пријавила во полиција. Прашање е што сокривале, која е целта на сокривање на севкупниот настан, кој го управувал возилото и со која цел?


Извор: Охридскај

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.