Четири лица се повредени откако возило излета од автопатот Мајка Тереза.

Околу 12,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот “Мајка Тереза“ патничко моторно возило “Рено клио“ со италијански регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот И.Д. од селото Скудрине, гостиварско излетало надвор од коловозот. Со повреди се здобиле И.Д. и сопатниците З.Д. (46), А.Д.(26), двајцата од селото и 16-годишник, на кои им била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Кај З.Д. се констатирани тешки телесни повреди, а кај другите телесни повреди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.