Објавени се деталите за тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби еден од предводниците на Комитите, Марјан Георгиев Мац Црни.

Како што информира МВР, сообраќајката е пријавена вчера наутро во 05:50 часот, а во неа учествувале автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.О.(27) од Скопје и мопед „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Ц.(30) од Скопје.

Возачот на автомобилот, велат од МВР, го напуштил местото на настанот, но подоцна самиот се пријавил во Полициската станица Бит Пазар.

По несреќата Г.Ц. и сопатникот од мопедот М.Ѓ.(50) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на Г.Ц. му биле констатирани тешки телесни повреди, а М.Ѓ. околу 12.00 часот им подлегнал на повредите, информираат од Министерството.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Од починатиот Мац-Црни вчера се простија „Комити“ и „Сити парк бојс“ кои наведоа дека загубиле навивачка супер ѕвезда. Погребот ќе се одржи во вторник на Градскиот гробишта во Бутел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.