Неофицијално дознаваме дека еден од приведените во денешната акција на МВР е возачот на Трајче Заев кој е братучед на Зоран Заев. Станува збор за Александар Ушилковски кој наводно бил фатен со дрога во вредност од 800 илјади евра.

Ако оваа информација е точнa, се наметнува прашањето дали МВР отвора војна со криминалот на кланот Заеви.

Информацијата доаѓа откако МВР се најде во во средиштето на скандалот Мафија каде познати нарко босови добивале пасоши со украден идентитет од луѓе од Струмица кои се блиски до премиерот.

Од МВР велат дека повеќе информации за акцијата ќе има во текот на денот бидејќи акцијата е се уште во тек.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски истакна дека денешната акција е во координација со американската ДЕА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.