МВР ги сподели деталите за тешката сообраќајка која вчеравечер во 21.15 часот се случи на крстосницата од бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во центарот на Скопје.

Се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(24) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(39) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(31) од Скопје и патничко возило „тојота аурис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.Ј.(57) од Скопје, велат од МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле возачите Д.А. и И.Ш., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, односно во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.