Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 73 возачи.

– Од вкупниот број санкционирани возачи, 16 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволеното, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила со цел побезбеден сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.