Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Во текот на денешниот ден, Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на сообраќајни прекршоци на територијата на Битола. Санкционирани се вкупно 87 возачи, од кои 41 за возење со поголема брзина од дозволената, 11 за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила.

Претходно од МВР информираа дека денеска во времето од 10,00 до 16,00 часот полициски службеници од ОБПС Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во областа на сообраќајот во населба Драчево во Скопје. Санкционирани се 78 возачи, од кои 18 возеле побрзо од дозволеното, деветмина возеле без возачка дозвола, тројца возачи управувале нерегистрирано возило, а еден возел под дејство на алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.