Дебранец загина во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 05.10 часот на Скопската обиколница, кај клучка „Смилковци“.

Како што соопшти МВР, комбе со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(52) од Дебар, излетало од патот, а возачот загинал на местото на незгодата.

Смрт констатирал лекар, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.