Возач на ЈСП бил нападнат затоа што со автобусот скршил ретровизор на автомобил.

Како што В.С.(56) од с.Сопиште, скопско, вработен како возач на автобус во ЈСП, вчера пријавил во СВР Скопје, во неделата околу 18,10 часот, додека се движел со автобус на ЈСП на релацијата Центар – с.Долна Матка, во с.Глумово скршил ретровизор од паркирано патничко моторно возило „голф“.

Потоа продолжил кон с.Долна Матка и на враќање од с.Долна Матка кон Центар, кога стигнал кај возилото таму бил сопственикот Б.С (37) од с. Глумово,скопско. В.С., според пријавеното, застанал за да му каже дека тој го скршил ретровизорот, но Б.С. физички го нападнал.

Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од ЗППЈРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.