Рано утрово околу 05 часот на железнички премин на ул. „Леце Котески“ во Прилеп, патнички воз удрил во патничко возило „ауди“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М. (60) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките К.Н. (53) и С.Р. од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот Ј.М. и сопатничката Д.М. (50) од Велес.

Тие биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.