Синоќа околу 22 часот на железничка пруга, пред надвозникот на бул. „Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје удрил во пешакот Н.М. (31) од Скопје, кој починал на местото.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.