Најмалку едно лице е повредено и пренесено на Клиничкиот центар во Скопје откако воз удри во автомобил во кое имало пет лица.

Како што објави порталот „Велес денес“, несреќата се случила околу 19 часот кога возот кој се движел на линијата Велес-Гевгелија на влезот на Велес удрил во автомобил марка „рено“ кој излетал на пругата.

На лице место интервенирала територијалната противпожарна единица, а во моментов во прекин е железничкиот сообраќај на линијата Велес-Гевгелија.

Не се знае здравствената состојба на останатите патници, меѓу кои има и едно дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.