Вчера попладне било пријавено дека помеѓу железничката станица Маџари и железничката станица Илинден се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје – Табановце, управуван од В.Б. (35) од Скопје и патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.Б. (41) од Скопје.

Во незгодата била причинета материјална штета, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.