Едно лице загина синоќа во железничка несреќа кај Демир Капија, соопштија денеска од МВР.

Вчеравечер во 22,50 часот било пријавено дека товарен воз кој се движел во правец Гевгелија-Скопје, пред Демир Капија удрил во А.Н., мигрант од Пакистан, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.