Вечерва се случил вооружен грабеж во продавницата за бела техника Нептун лоцирана во Градски парк, јавува 21ТВ.

Според информациите, во 20:30 часот во Нептун кај Стадионот „Тоше Проески“ влегле двајца маскирани лица со пиштоли.

Првата реченица што ја кажале била: „Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме“.

За кратко на локацијата пристигнала и полиција, а едно лице е фатено, додека другото успеало да избега.

Лицето со кое разговараше ТВ21, а кое во тоа време било внатре, кажува дека двајцата маскирани луѓе се заканиле дека сите ќе ги убијат ако некој викне полиција.

Видно вознемирена за ТВ21 кажува дека 20 минути биле заглавени во продавницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.