Вооружен грабеж рано утрово се случил пред поштата во село Волково. Како што потврдуваат за „Република“ од СВР Скопје, инцидентот бил пријавен во 7:05 часот утрово од страна на З.Ц. (52) од Скопје, кој додека извршувал достава во поштата, бил пресретнат од две непознати лица, кои со закана со оружје му одзеле четири торби.

Во торбите, според пријавеното, се наоѓале само чекови за пензија.

Полицијата работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на двете непознати лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.