Tри маскирани лица денеска околу 11 часот пред експозитурата на „Халкбанка“ во Сарај нападнале жител на Крушопек, при што од него одзеле торба во која имало околу два милиона денари.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат грабежот.

Во 11.05 часот пријавено е дека во с.Сарај, пред банка извршено е разбојништво од страна на три лица кои со автоматски пушки одзеле пари. Откако ги одземале парите со автомобил, се упатиле кон Матка. Се работи на расчистување на случајот, велат од таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.