Во Велмеј камбаната бие за помош! Пожарот се доближува до првите куќи во селото, мештаните бараат помош од државата.

Селото Велмеј се наоѓа во подрачјето на областа Долна Дебарца, на 13 километри источно од магистралниот пат Охрид – Кичево. До селото се доаѓа по асфалтен пат, кој се двои од западната магистрала Охрид – Кичево кај селото Ботун, поминувајќи низ селата Белчишта и Лешани.

Се наоѓа на западните падини на Илинска Планина. Од северната и источната страна е заградено со планински масиви на Илинска Бигла (од исток со Килаец – 1.068 м, од север со Чуки – 1.303 м), а на западната и јужната страна се простира Велмешкото Поле. Селото се наоѓа на надморска височина од 860 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.