СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.Ш.(49) од село Велешта, струшко, М.Ц.(30) од село Велгошти и правно лице – угостителски објект од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.

На 29/30.07.2022, за време на одржување на концерт во угостителскиот објект сопственост на Џ.Ш. и М.Ц., пет малолетници од Скопје на возраст од 16 години биле послужени со алкохолни пијалоци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.