На територијата на СВР Велес, во текот на вчерашниот ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот, полицијата спровела зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санционирани 46 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 11 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 36 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци – информираат од МВР.

Оттаму велат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.