Во СВР Скопје околу 03:30 часот било пријавено дека во автосервис на ул.„Јустинијан Први“ во с.Студеничани, сопственост на Д.И.(40), настанал пожар.

Опожарени се патничко возило „ауди А8“, со струшки регистарски ознаки, сопственост на А.Д.(54) од с.Студеничани, скопско, патничко возило џип „чироки“, со непознати регистарски ознаки и товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид ќе се врши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.