Дваесет и седумгодишно момче од кочанското село Тркање загина вчера во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Делчево-Штип, кај место викано „База Гранит”.

Имено сообраќајката се случила помеѓу товарно моторно возило со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г.(50) од Велес, и патничко моторно возило „Поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(27) од село Тркање-кочанско.

На местото на настанот починал М.Ј. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.