Во деветте месеци од оваа година на подрачјето на Тетово изготвени се вкупно 11.663 барања за поведување прекршочна постапка за откриени односно констатирани најразлични видови сообраќајни прекршоци или скоро два и пол пати повеќе барања во споредба со истиот период лани, информираат од тетовската полиција.

Најмногу казни се изречени за брзо возење.

За неприлагодена брзина според условите на патот, вкупно 3719, потоа непочитување првенство на минување 46, управување под дејство на алкохол 234 биле и најчестите причини за случените сообраќајни несреќи и пред се за оние со потешки последици. Поради утврдени недостатоци, во редовни, акциски или други контроли од сообраќај биле исклучени 2911 возила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во периодот за кој станува збор времено се одземени 503 возачки дозволи, а од сообраќај биле исклучени и 271 „алкохолизирани“ возачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.