На територијата на СВР Тетово денеска, во периодот од 08.00 до 20.00 часот, спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 33 возачи. Од нив 20 на територија на Тетово, а 13 на територија на Гостивар, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР истакнаа дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведоа од МВР.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.