Во денешната акциска контрола на СВР Тетово спроведена од 15 до 20 часот, 76 возачи се казнети за брзо возење

19 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шест со дури над 70 километри на час над дозволеното. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Притоа, на територијата на ОВР Гостивар се преземени 20 мерки, а на територијата на Тетово 56 мерки. За возење со брзина поголема од дозволената во населено место санкционирани се 48 возачи, а надвор од населено место 28 возачи – соопштија од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.