Во тек е акција за гаснење на пожарот што попладнево избувна во делчевското село Бигла. Во гаснењето учествуваат пожарникари од Противпожарната единица од Делчево, а е вклучено и месното население.

Пожарот е забележан од страна на мештаните кои ја известиле Територијалната противпожарна единица во Делчево.

Пожарот избувна околу 16:30 часот во месноста Шејтанско маало во село Бигла. Случајот веднаш го пријавивме во Протипожарната единица, бидејќи постои опасност да се доближи до куќите. Дел од мештаните се приклучивме во акцијата за гаснење, а за кратко време пристигна едно возило од Противпожарната единица од Делчево. Сметаме дека пожарот е намерно подметнат, но тоа оставаме да го истражат надлежните институции, изјави Кирчо Мирчевски, жител на селото Бигла.

Гаснењето засега се одвива со едно возило и неколку пожарникари од делчевската Противпожарна единица, а известена е и Противпожарната единица од Виница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.