Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат кај долнореканското село Скудриње. По извршениот увид, сообраќајот е нормализиран и се одвива во двата правци.

Од СВР Тетово информираат дека денеска околу 14 часот била пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во која учествувале:патничко миторно возило “ауди” со струшки регистарски ознаки управувано од В. Ц. (53) од Дебар и товарно моторно возило-влекач “даф” со скопски ознаки, што го управувал Ј.Д.(45) од Скопје. Во несреќата, возачот и две сопатнички во „аудито” задобиле телесни повреди и пренесени се во дебарската болница за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
За време на увидот во прекин беше сообраќајот за тешки моторни возила, а наизменично се пропуштаа лесни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.