Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен акт против 38-годишен скопјанец поради сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес извршен од службени лица на 9 декември 2020 година, во спалната соба од семејната куќа на обвинетиот биле пронајдени вкупно 16,40 грама наркотична дрога – хероин спакувана во 16 полиетиленски пакувања, потоа 4,22 грама наркотична дрога – марихуана спакувана во 3 пакувања и една дигитална вага – се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои основано сомнение дека обвинетиот може да се даде во бегство, дека може да ја попречува кривичната постапка и да влијае на сведоците, како и страв дека ќе го повтори кривичното дело.​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.