Дваесет и двегодишно момче од Кратово загина во сообраќајна несреќа која вчера се случила на локалниот пат од селото Железница кон селото Крилатица.

Вчера во 18,15 часот било пријавено дека на локален пат од с.Железница кон с.Крилатица во Кратово, на место викано „Мулинци” во атар на с.Крилатица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф” со кратовски регистарски ознаки управувано од С.С.(22) од Кратово и патничко моторно возило „голф” со кратовски регистарски ознаки управувано од М.Д.(29) од с.Талашманци,кратовско. Во незгодата на лице место починал возачот С.С., додека сопатниците од истото возило Г.Г.(33), Д.В.(24) двајцата од с.Железница и Ф.М.(27) од Кратово, заедно со возачот на другото возило М.Д. биле пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош, при што на М.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди“, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.