Почина момчето кое здоби тешки изгореници од струен удар на 24 овој месец. Момчето беше хоспитализирано во специјалистичката софиска болница за изгореници „Пирогов“. Немилиот настан, според полицијата се случил околу 13 часот пред шест дена на железничката станица во Трубарево.

Според МВР, момчето движејќи се по пруга се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа (дрезина) која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактна мрежа здобил струен удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.