На 18.05.2023 година, на ул. „Јани Лукровски“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Н.Д.(25) од Велес.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен суд Велес за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, приведениот ќе биде предаден во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.