Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 286 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 150 прекршоци, нерегистрирани возила 14, 11 санкционирани мотоциклисти, 53 мерки за непрописно паркирање, а изречени се и 44 санкции за неносење на заштитна маска – соопштuваат од МВР.

Оттаму велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.