На територијата на град Скопје во текот на вчерашнито ден изречени се вкупно 64 мерки, во рамки на засилените сообраќајни контроли.

Како што соопштија денеска од МВР, од вкупно изречените мерки, осум се за возење без возачка дозвола, три за непочитување на брзина на движење, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за користење на мобилен телефон, две за возење под дејство на алкохол и 27 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираате до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.