Во рамки на засилените сообраќајни контроли на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 164 казни. Меѓу нив за непочитување на брзината на движење се санционирани 29 возачи, 14 казни се за возење без возачка дозвола, а шест за возач почетник.

Како што соопштија од МВР, изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за управување под дејство на алкохол, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за недавање првенство на минување на пешаци и 53 за непрописно паркирани возила.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.