На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 232 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Од МВР информираа дека се изречени и 14 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, 47 прекршоци направени од пешаци, девет прекршоци од возачите на мотоцикли, шест за непрописно престројување, како и 65 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.