Во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, шест мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за возење без возачка дозвола.

Као што информираа од МВР, изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 47 за непрописно паркирање…

Како што велат од МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.