Тетовската полиција уапсила 45-годишна жена, која се занимавала со продажба на кокаин.

На 29.09.2020 околу 19.30 часот Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опојни материи при МВР, во соработка со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Тетово околу 18.30 часот ја лишиле од слобода 45-годишната В.Р. од Тетово, дилерка на кокаин – информираат од МВР.

Како што велат од полицијата, при извршениот претрес, кај неа биле пронајдени 14 паковки со кокаин, подготвени за продажба.

При претреси во нејзиниот дом во Тетово и во објект во центарот на Тетово, во кој пријавената работела, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени кокаин и бела прашкаста материја, кои ги продавала и додека била на работното место. В.Р. е задржана во полициска станица Тетово и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок – се наведува во соопштението на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.