Радовишкото обвинителство обвини 11 лица за непочитување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија, соопштија од Јавното обвинителство.

Еден од нив пеш, а другите со возила се движеле во Радовиш и околината, со што не постапилe според мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширење или сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот, информираат од Јавното обвинителство.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време нa епидемија, Основното јавно обвинителство Радовиш до судот поднесе предлози за издавање казнени налози за сите обвинети со предлог да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​​

Според извештаите на Центарот за јавно здравје од Штип сите тестирани лица од Радовишко во перидот од 25 до 30 март се негативни, информираше денеска градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

На територијата на оштината 15 лица се под контрола, од кои 13 се во самоизолација, а две се со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.