На 28/29.11.2024 година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контролни патролни активности по Законот за рибарство и аквакултура.

Притоа, на потегот од градското пристаниште во Охрид, до струшкото село Радожда,  пронајдоа и одзедоа 12 рибарски мрежи во должина од 150 метри, 64 парчиња уловена разновидна риба и друг риболовен алат и прибор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.