Во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје на 3 јуни во 01:40 часот по полноќ, полициски службеници ги лишиле од слобода А.Т.(29) и Т.А.(30), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Истиот ден во 14:40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.