Елвис Бајрам, синот на пратеникот Амди Бајрам, е меѓу пријавените од скопската полиција затоа што синоќа околу 23 часот во својот дом организирал забава со огномет.

Од скопската полиција за „Телма“ потврдиле дека по пријава на вознемирени граѓани интервенирале и за случајот е поднесена пријава за сторен прекршок за дело „неовластена употреба на пиротехнички средства“.

Од домот на Бајрам ечела и гласна музика, се слушале зурли и тапани, а на крај бил активиран и моќен огномет.

Вознемирените граѓани поради тоа го пријавиле случајот во полиција, а по нивна интервенција забавата се смирила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.