На 13.03.2020 во 16.20 часот СВР Битола, Г.К. од с.Бучин, крушевско, пријавил дека при копање во двор од сопствената куќа, пронашол стара граната кал.25 мм, која потекнувала од Првата светска војна.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Крушево, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истата е безбедно подигната.

Исто така во Бучин Т.М.(50) пријавил дека при работа во нива, во атар на с.Бучин, пронашол стара неексплодирана топовска граната кал. 75 мм. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истата е безбедно подигната

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.