Сослушување на сведоци и оштетени, денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. Обвинети се шест лица.

На минатото рочиште се произнесуваа правните застапници на дел од оштетените, повеќето претставници на семејствата на починатите патници. Поголем дел од нив се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон, додека сите пред Судот најавија имотно – правно побарување во граѓанска постапка.

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.