Состојбата во Кочани е под контрола од аспект на опасност по куќите во градот. Значи не постои непосредна опасност по куќите во градот”, вели во изјава за МКД.мк директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој потврди дека е избегната опасноста по магацинот на „Макпетрол“ каде што се концентрирани големи сили.

Од другите пожари низ државата, најлоша е состојбата во Ранковце, каде што, според Ангелов, се спојуваат два големи пожари и таму има масивен пожар.

„Таму мислам дека преку денот изгореа неколку куќи, во овој момент нема, но постои отворена опасност. Таму ситуацијата се следи, но самиот терен е потежок. Ние се фокусиравме и концентриравме на град, на отворено е невозможно ноќно време да се гасне. Хеликоптерот не лета ноќно време. Рано наутро ќе полетаат хеликоптери – додава Ангелов

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.