СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од с.Жеровјане, општина Боговиње и против А.А.(31) од с.Боговиње, одговорно лице во угостителскиот објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 25.06.2021, полициски службеници извршиле контрола во објектот и било констатирано дека работи во затворени простории и во внатрешноста биле затекнати гости и 12 лица ангажирани во објектот, со што постапиле спротивно на одлуката на Владата со која се дозовлува работа само на отворените делови-терасите на угостителските објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.