Полициски службеници од СВР Скопје, вчера околу 20:00 часот во скопското село Идризово го привеле Ш.Ј.(45) од Гостивар, кој се барал со потерница поради бегство од Казнено-поправна установа Идризово каде издржувал казна затвор.

Како што информираат денеска од МВР, воедно при легитимирањето, пријавениот употребил лажни хрватски документи на име Л.Ј..

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветни поднесоци поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” казниво по чл.378 и кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, казниво од чл.380 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.