Полициски службеници попладнево уапсиле скопјанец осуден на 15 години казна затвор, кој бил баран по централна потерница.

Денеска во 17:20 часот во скопската населба Хиподром, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Л.(31) од Скопје. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 236 и член 242 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од пет години и пет месеци, соопштија од МВР.

Лицето ќе биде предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.