Полициски службеници од Полициска станица Гостивар во содејство со Државен пазарен инспекторат синоќа при извршена контрола на угостителски објект на улицата „Балиндолска“ во Гостивар, сопственост на М.Н.(55) констатирале дека објектот работел по дозволеното работно време, односно не се придржувал до пропишаното работно време при што во објектот имало присутни гости.

Како што информираат од МВР, објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.Н. од Гостивар, е лишен од слобода.

-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, се наведува во соопштението на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.